X
 06.09.2022 Технологија

Изненaдување за сите корисници на мобилната телефонија преку Мојот А1

Неограничен интернет за неверојатно 5G-искуство

Со иновативни дигитални решенија, богато конвергентно портфолио, најатрактивни понуди во мобилната телефонија и воведување на револуционерната 5G технологија, со што најбрзата мобилна мрежа станува уште побрза, А1 одбележува три години присуство на македонскиот пазар. За таа цел, А1 воведува нова и збогатена понуда во мобилната телефонија со најсовремени 5G-телефони и супериорна услуга за неверојатно 5G-искуство и воведува многу подароци преку апликација Мојот А1.

- Успехот во минатите три години го следеше патот кон вложувања во нови технологии и беше воден од нашата желба да ги надминеме очекувањата и да ги пресретнеме потребите на нашите корисници. Затоа, со задоволство ја најавувам најновата септемвриска понуда со која корисниците добиваат можност за неверојатно 5G-искуство, можност да изберат нов 5G смарт-уред од богатото портфолио на А1, но и со комбинирање на услугите во А1 Combo да добијат услуги за супериорно корисничко искуство по најповолни услови - изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

Со септемвриската роденденска промоција, сите корисници на пакетите А1 Nova M до A1 Nova XXL, автоматски ја добиваат можноста да ги искусат бенефитите на 5G-мрежата. Корисниците на преостанатите тарифни модели, пристап до 5G можат да добијат со едноставно активирање на еден од дополнителните пакети, и тоа: месечен 5G-пакет со неограничен интернет за само 599 денари и месечен 5G-пакет за само 99 денари кој овозможува 5G согласно месечниот мобилен интернет вклучен во тарифата на корисникот.

- Мотото „Секој твој свет“ останува да биде синоним за сето она што А1 го креира во своето портфолио. Накусо ги опишува остварените ветувања кон нашите корисници – да добијат комуникациски решенија што им се најпотребни, да сурфаат неограничено на најбрзата мобилна мрежа, да зборуваат неограничено, а преку понудените дигитални решенија да ги искусат придобивките од дигитализацијата во секојдневниот живот” - изјави Мирчев.

За да можат да ја користат супериорната 5G-технологија, корисниците треба да поседуваат уред што поддржува 5G и да се наоѓаат во подрачје што има 5G-сигнал. А1 Македонија интензивно работи на проширување на 5G мрежната покриеност насекаде низ земјата, а во моментов таа го опфаќа урбаниот дел на град Скопје. Деталната листа со уреди е достапна на официјалната веб-страница на А1.
Како надополнување на роденденската промоција, A1 Македонија за сите свои корисници во мобилната телефонија обезбедува изненадување преку последната верзија од апликацијата Мојот А1.

- Важните моменти секогаш ги славиме заедно со нашите корисници, па така и овој септември сите корисници на мобилни услуги добиваат своето А1 роденденско изненадување - заклучи Мирчев.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија