X
 06.09.2023 Образование

Тетовскиот универзитет првпат објави конкурс за специјализации

Универзитетот во Тетово првпат објави конкурс за специјализации на Медицинскиот факултет.

Завчера беше објавен јавниот оглас за приjaвување на кандидати за запишување, односно одобрување на специјализација на здравствени работници со високо образование од областа на медицината и здравствени соработници со високо образование за 2023 година.

На конкурсот за специјализациите и супспецијализациите можат да аплицираат вработени здравствени работници, односно здравствени соработници во јавни здравствени установи за насоките: педијатрија, уролошка хирургија, кардиологија, интерна медицина, психијатрија, гинекологија и акушерство и општа хирургија.

Исто така, на конкурсот можат да аплицираат и вработени здравствени работници, односно здравствени соработници во приватни установи, други правни лица и невработени и тоа за насоките: педијатрија, уролошка хирургија, кардиологија, интерна медицина, психијатрија, гинекологија и акушерство, општа хирургија и фамилијарна медицина.

- Барањето за одобрување на специјализациите заедно со комплетната документација се поднесува од страна на Јавната здравствена установа каде што е вработен здравствениот работник, односно здравствениот соработник, приватната здравствена установа во која е вработен здравствениот работник, односно од невработениот здравствен работник, во согласност со одредбите од Законот за здравствената заштита и Правилникот за специјализациите и супспецијализациите на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование од областа на медицината, најдоцна во рок од 30 дена од денот на објавување на Огласот, до архивата на Факултет за медицински науки при Универзитетот во Тетово - стои во конкурсот.

ТУКА можете да го прочитате целиот конкурс.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование