X
 06.09.2025 Технологија

Што ново ни носи „Гугл Хром“ во септемвриската верзија

Септември пристигна, а со него и нови функции на „Гугл Хром“. Ова се најновите придобивки што ги носи популарниот прелистувач „Гугл“, кои дефинитивно ќе ви ја олеснат секојдневната работа и користење на „Андроид“ и „иОС“ телефоните.

Групите на табови отсега достапни на сите уреди

Од месецов „Хром“ ги прави групите на табови што ги креирате на вашиот компјутер или телефон, достапни на сите уреди. Треба да бидете најавени на истата „Гугл“ сметка, па групата на табови автоматски се зачувува и може да се отвори насекаде. На мобилниот телефон, групата се наоѓа во делот со отворени табови, додека на компјутерот се отвора преку иконата во „букмарк“ лентата или менито на „Хром“.

„Гугл Ленс“ доаѓа директно на „Хром“

Новата верзија ја носи и опцијата за визуелно пребарување на содржина на екранот. На „иОС“ уредите, доволно е да ја допрете иконата на камерата во полето за адреса и да го означите делот од екранот што сакате да го пребарувате. На „Андроид“, достапна е понапредна функција „Заокружи за пребарување“(Circle to Search), која ви овозможува да пребарувате содржина не само во „Хром“, туку и во други апликации.

Споделување лозинки со семејството

Управувачот со лозинки на „Хром“ сега ви овозможува безбедно да споделувате лозинки со членовите на семејството директно од вашиот мобилен телефон. На „иОС“, опцијата се наоѓа во менито на „Хром“, додека на „Андроид“ е достапна преку „Поставки > Управувач со лозинки“. На двата системи, доволно е да изберете лозинка и да кликнете на „Сподели“, а потоа да ги изберете членовите на семејството со кои сакате да ја споделите.

Целосна контрола врз лентата со алатки (тулбар)

Корисниците сега можат да ја прилагодат горната лента со алатки во „Хром“. Преку опцијата „Прилагоди го Хром“ (Customize Chrome), можно е да се прикачат омилени функции како што се обележувачи, печатење, пребарување со „Гугл Ленс“ или други кратенки, кои веднаш ќе се појават во лентата со алатки.

Извор: benchmark.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија