X
 06.11.2016 Технологија

Зошто треба понекогаш да направиме пауза од технологијата?

Сите се согласуваме дека технологијата е неверојатна. Може да му купите на својот син нови патики, може да видите што правеле вашите соседи на одмор, сето тоа во рок од неколку секунди и додека сé уште сте во пижами. Пред 20 години, ни во нашите најлуди соништа не можевме ни да си го замислиме износот на информации што може да се добие од еден мал уред како смартфонот.

Технологијата радикално го трансформира начинот на кој живееме денес

Кога на пример вашиот син би ве прашал каде е Коста Рика, може да гледате заедно на iPod и да му помогнете да најде мапа со одговор. Исто така возможно е дури да видете дали вашето дете ви ја кажува вистината за локацијата каде се наоѓа преку следење на телефонскиот сигнал. Освен тоа може да работите од било каде наместо да одите во канцеларија.

Технологијата ни овозможува да го имаме светот во нашата дланка 24/7. Па, зошто би сакале да се откажеме од сето тоа?

Постојат неколку клучни причини зошто земањето на пауза од технологијата може да биде добро за нашето здравје и благосостојба. Не велиме дека треба да се откажете целосно од неа, но сепак, стратешките паузи може да бидат од корист.

Ова се седум причини зошто би сакале да се исклучите од технологијата, барем за момент:


1. Загриженост за безбедноста

Тоа се подразбира и без да се каже дека испраќањето пораки или веб-сурфањето додека возите автомобил е многу опасно.

Одвлеченото внимание при возење е огромен проблем што се појави особено со развојот на технологијата. Сепак, не е само возењето нешто што може да претставува опасност. Пешачењето додека гледате надолу кон телефонот исто така може да биде опасно. Колку пати вие или некој што го знаете паднал, се судрил во нешто или добил повреда, бидејќи не обрнувал внимание при одењето?

Тоа се случува секојдневно. Тргнете го далеку каде што не можете да го слушате во вашата чанта или џеб на вибрации или на безгласно, за да не се случи да ви се одвлече вниманието. Што и да е во прашање може да почека.

2. Лишеност од сон


Еден добар ноќен сон е од суштинско значење за нашето физичко и ментално здравје. Сепак, толку многу од нас се борат да заспијат навечер. Кога гледаме телевизија, проверуваме електронски пораки или читање од еден уред, како што е смартфон или таблет, ние уште повеќе полошо влијаеме на квалитетниот и цврст сон во текот на ноќта.

Според „Sleepfoundation.org“, светлината од нашите телефони или таблет може да ја зголеми будноста и да го направи тешко заспивањето во текот на ноќта. Затоа ви препорачуваме да ги исклучите сите електронски уреди еден или два часа пред да одите на спиење.

3. Намалена продуктивност

Мултитаскингот е одличен начин за да направите повеќе нешта зарем не? Погрешно. Враќањето назад и повторно напред меѓу различни задачи, всушност ја намалува вашата продуктивност. Според Американската психолошка асоцијација, менувањето на задачите може да ве чини 40 проценти намалување на вашата продуктивност.

Значи постои начин да се намали искушението за мултитаскинг со поставување на задачи за вашиот ден со конкретни чекори кои треба да ги направите. На пример направете временски распоред за проверка на електронската пошта или враќањето на повици. Кога не морате да одговорите веднаш на нив, може да го исклучите вашиот телефон или известувањата за електронска пошта на вашиот компјутер за да избегнете дефокусирање.

Ова е особено можно кога не работите нешто што е технолошки базирано. Чувајте го вашиот телефон далеку од очите, со цел да ја зголемите вашата продуктивност.

4. Квалитет во односите со другите луѓе

Дали го проверувате вашиот телефон кога сте со други луѓе или ја држите технологијата далеку? Поврзувањето со луѓето лице во лице ќе биде позначајно искуство, наместо да бидете расеани од страна на телефонот.

Колку позафатени стануваме, толку повеќе чувствуваме потреба да останеме поврзани цело време. Но, реалноста е ние не се поврзуваме со луѓето физички ако го трошиме половично времето со нив и со нашите уреди. За време на оброци и другите социјални ситуации одморете се од технологија и повторно обновете ги важните врски во вашиот живот.

5. Проблеми со самодовербата

Технологија ни овозможува да погледнеме во животите на другите луѓе преку социјалните медиуми како што се „Facebook“ и „Instagram“ во било кое време. Ние ќе се најдеме во ситуација да ги споредуваме нашите секојдневни животи со она што гледаме дека другите го објавуваат на социјалните медиуми.

Она што ние забораваме да признаеме е дека луѓето ги објавуваат само фотографиите што сакаат светот да ги види. Тоа често не се гледа во големата слика на реалноста. Имајте го тоа на ум, кога ќе се најдете себеси како се споредувате со другите врз основа на социјалните медиуми.

6. Емоционална благосостојба

Пристапот до информации може да биде фантастична работа. Но, понекогаш ако е премногу може да биде проблематично. На пример ако сте во ситуација вашето дете да има алергија, можноста да користите технологија за да прочитате статии поврзани со алергијата може да ве опреми со важна едукација, но во исто време ќе ви влијае негативно. Читањето статии за деца кои умреле како резултат на алергија ќе ја зголеми вашата анкциозност и може емотивно да ве исцрпи и парализира.

7. Земете пауза: Искусете го животот

Технологијата прави лесно да биде добивањето на совршени слики. Сигурно помислувате дека вашиот iPhone изработува подобри слики од било која голема, професионална камера. Сите сакаме да погледнеме во фотографиите од одморот или од денот поминат со пријателите за повторно да заживее искуството.

Но, од друга страна преголемото фокусирање на добивање на совршена слика може да резултира да го пропуштите сегашниот момент или некој настан што за првпат го доживувате.

Научете одвреме навреме да направите пауза од технологијата, а со тоа ќе откриете еден полн свет на можности кој претходно не сте го забележале. 
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија