X
 14.02.2022 Култура

Романтични комедии што не се популарни, а треба да бидат

Откако романтичните комедии се појавија како жанр во Холивуд, тие се многу популарни. Затоа, досега биле снимени многу романтични комедии, а меѓу нив има и некои добри филмови кои не станале популарни од разни причини.

„Две недели за заљубување“ (Two weeks notice)

Оваа романтична комедија ја знаат повеќето од гледачите во регионот, но таа не стекнала светска популарност како некои други романтични комедии.


„Кафеав шеќер“ (Brown sugar)

Рик Фамујива го напишал и го продуцирал овој филм, кој претставува ода на љубовта и хип-хопот. Таје Дигс и Сана Латан глумат пријатели од детството кои се совршени еден за друг, и покрај тоа што се во врска со други партнери.


„Музика и стихови“ (Music & lyrics)

Ова е уште една романтична комедија со Хју Грант која не станала светски популарна како што се очекувало. Во филмот главната женска улога ја има Дру Баримур.


„Врска на далечина“ (Going the distance)

Хемијата помеѓу Дру Баримур и Џастин Лонг во овој филм речиси е опиплива, па затоа не е чудно тоа што љубовта од големото платно се преселила во вистинскиот живот. Ова е одлична романтична комедија, иако не станала светски популарна.


„Без обврски“ (No strings attached)

Ештон Качер и Натали Портман феноменално ги одиграле улогите на пријатели кои се знаат од детството и кои ја засноваат својата врска исклучиво на физички однос.


„Што ако“ (What if)

Вака изгледа кога Хари Потер, односно Даниел Редклиф, е пораснат и глуми во романтична комедија. Неговата партнерка во филмот е Зои Казан.


Извор: Wannabe Magazine
Фото: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура