X
 07.02.2021 Наука

Дали човек може безбедно да излезе од црна дупка?

Двајца физичари направија список со неопходни услови за човек да влезе во црна дупка, но истовремено предупредија дека тоа ќе биде најосамениот еднонасочен пат во историјата на човештвото.

Со цел да се состави списокот, Лео и Шаншан Родрикез, двајцата доценти по физика на колеџот „Гринел“, споредија два вида црни дупки: оние со големина на ѕвезда, со иста маса како и нашето Сонце, и супермасивни, односно оние со милиони или дури милијарди пати поголема маса.

Овие помали црни дупки не ротираат, а нивниот радиус, односно радиусот на хоризонтот на настанот е приближно 3,2 километри.

Хоризонтот на настанот е точка без враќање во која гравитационите и другите сили на црната дупка стануваат толку моќни, што дури и светлината не може да им избега.

Спротивно на тоа, супермасивните црни дупки, како онаа во центарот на галаксијата Млечен Пат, можат да имаат четири милиони пати поголема маса од таа на Сонцето.

Во случај на црна дупка со големина на ѕвезда, хоризонтот на настанот е далеку поблиску до неговиот центар отколку во супермасивната црна дупка, што значи дека разликата во гравитацијата помеѓу хоризонтот на настанот и неговиот центар е некаде околу 1.000 милијарди пати.

Ако некоја личност премине над хоризонтот на настаните во црна дупка во форма на ѕвезда, би претрпела процес познат како шпагетификација, во кој сите атоми на телото би биле растегнати во долга нишка поради неверојатната разлика во гравитационата привлечност.

crna dupka
Фото: Freepik

Многу е веројатно дека овој процес ќе убие бестрашен астронаут.

Сепак, лицето кое би паднало во супермасивна црна дупка би доживеало многу постепен и подолг слободен пад без шпагетификација. Во овој случај, астронаутот би поминал низ хоризонтот на настани без влијание на екстремни разлики во гравитацијата, со оглед на исклучително големото растојание помеѓу центарот и работ.

Дисковите не смеат да бидат жешки

Уште една пречка стои на патот до овој екстремен пад. Повеќето црни дупки на прагот имаат екстремно жешки дискови за таложење, кои се состојат од прегреан материјал искинат од универзумот.

За човекот „безбедно“ да влезе во супермасивна црна дупка, таа ќе мора да биде изолирана од универзумот, бидејќи веќе ги проголтала планетите, гасот и ѕвездите околу неа многу пред бестрашниот астронаут да се осмели да се приближи до хоризонтот на настанот.

За жал, преживувањето на патувањето надвор од хоризонтот на настанот би било најосаменото патување бидејќи ниту една информација не може да избега од црна дупка, со оглед на гореспоменатите гравитациони сили од кои дури и самата светлина не може да избега.

Извор: b92
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука