Еден татко побарал помош на социјалните мрежи откако задача по математика на неговиот 7-годишен син го натерала да се запраша дали е сè во ред со неговиот ум.
Иако Марк, татко од Линколншир, Велика Британија, ја поддржува идејата децата да имаат домашни задача, тој бил доста збунет кога неговиот син дома се вратил со домашна по математика за која, во најмала рака, вели дека е збунувачка.
Задачата гласела:
„Ева пресметува која дропка е прикажана на бројната оска. Каде згрешила Ева?“ До прашањето имало и дијаграм со бројна оска и цртеж на Ева со текст:
„Бројната оска прикажува осмини.“
Фото: Reddit/u/kumquat_may
Марк објавил фотографија од задачата со опис: „Домашната на мојот 7-годишен син ме тера да се посомневам во мојот разум. Јас навистина не гледам грешка. Бројната оска навистина изгледа како да прикажува осмини“.
Тој ја споделил задачата на „Редит“ затоа што мислел дека е вредна за дискусија и можеби е неточна.
- Бројната оска всушност прикажува седмини - објаснил еден корисник.
Иако одговорот на крајот бил едноставен, Марк смета дека прашањето можело да биде појасно формулирано.
- Мислам дека прашањето не беше најдобро формулирано, особено бидејќи станува збор за 7-годишни деца - вели тој. Сепак, тој бил благодарен за помошта од социјалните мрежи.
Извор:
Newsweek.com
Фото: Freepik