X
 07.10.2020 Здравје

Само четири европски земји се под критичниот праг на заразени со Ковид-19

Ситуацијата со заразени со Ковид-19 не е критична само во четири европски земји во моментов, според прагот за аларм на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

Прагот за аларм на ЕЦДЦ е 20 заразени лица на 100.000 луѓе во просечно седум дена. Кога ќе се надмине овој праг, ризикот за заболување од Ковид-19 е висок. Четирите земји што не го надминуваат прагот во моментов се Германија (18,4 случаи на 100.000 луѓе), Финска (15,5 случаи на 100.000 луѓе), Кипар (14,6 случаи на 100.000 луѓе) и Норвешка (13,9 случаи на 100.000 луѓе).


Фото: Берлин/Pixabay

Од друга страна, земји со најмногу случаи се Чешка (167,6 случаи), Холандија (140,3 случаи) и Франција (120,3 случаи).

Агенцијата вели дека се забележува пораст во бројот на новозаразени лица и стапката на смртност расте во 27 европски земји. Во меѓувреме, повеќе европски земји ги засилуваат мерките за безбедност. Во Исланд се забранети собирањата и се затворени некои локали, а Чешка е во вонредна состојба. Делови од Париз, Франција и Берлин, Германија, се означени како ризични зони.

Автор: Ејми Вудијат и Џејмс Фратер
Извор: Си-ен-ен
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје