X
 08.01.2020 Технологија

Ако сакате да се одвикнете од смартфонот, „телефонот од хартија“ може да ви помогне

Денес е речиси невозможно да си замислиме еден ден без паметен телефон. Го користиме речиси за сè - телефонирање, допишување, информирање, плаќање и слично. Секој ден луѓето погледнуваат во телефонот околу 80 пати (некои и повеќе), често бидејќи им е досадно и не знаат што да прават со рацете.

Но, што кога некој ќе би ви поставил предизвик да го поминете цел ден без паметен телефон? Дали би издржале? Или ако едноставно сакате да се одморите од вашиот телефон, а и понатаму ги користите сите негови предности?

Дека паметните телефони предизвикуваат зависност, свесни се и големите технолошки компании како „Епл“ и „Гугл“, кои во последната година почнаа да нудат различни опции и апликации што би требало да им помогнат на корисниците да го ограничат времето поминато во користење телефони.

Така, „Гугл“ ја нуди опцијата „Анлок клок“ („Unlock Clock“) што брои колку пати дневно корисникот го отклучил својот телефон, односно опцијата „Дезрт ајланд“ („Desert Island“) што овозможува пристап само до одредени апликации тој ден.

Но, лондонското студио „Спешл проџектс“ смисли уште порадикален начин за „одвикнување“ од телефони - одлучило дигиталните ограничувања да ги замени со аналогни и за таа цел создало „Телефон од хартија“ („Paper Phone“).

telefon

Станува збор за бесплатна апликација за „Android“ што на корисникот му овозможува да избере кои информации му требаат тој ден - одредени контакти и нивните телефонски броеви, потсетници, обврски од календарот, „Гугл мапс“, временска прогноза, едноставна игра како „Судоку“ и слични информации.

Потоа, апликацијата и информациите убаво се складирани во документ што треба да се испечати на хартија, да се свитка хартијата според наложените упатства и да се исклучи паметниот телефон, бидејќи сè што му е потребно на корисникот сега го има на хартија.

Некому овој аналоген начин може да му изгледа интересен и практичен, додека други ќе се откажат по 15 минути. Но, мора да признаеме дека ваквиот начин е вистински одмор од технологијата, а ги имате сите информации што ви се потребни.

Дали сте доволно храбри да го пробате ваквиот начин на „дигитална детоксикација“?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија