X
 25.02.2018 Технологија

Најважните, а потценети компјутерски иновации

Компјутерите станаа интегрален дел од модерниот живот за помалку од еден век од нивниот развој. Тие се насекаде, асистирајќи на секој можен начин во истражувањата на човекот.


Има низа иновации што човештвото го одведоа поблиску до иднината, но има и такви што не достигнаа голема слава и признание, а сепак се од големо значење. Ова се неколку од нив:

1. Алгоритамот „Диџкстра“

Ова е еден од најпопуларните алгоритми во компјутерската наука, чија цел е да го пронајде најкраткиот пат од почетниот јазол до сите други јазли во графикон. Оваа логика била креирана во 1956 година. Овој алгоритам се јавува во многу варијации во низа денешни апликации. Најмногу во онлајн-мапите што го даваат најкраткиот пат помеѓу две локации. Интернетот кој денес го користиме не би бил истиот без овој алгоритам.

2. „RC 4000“ мултипрограмски систем

Оригинално развиен во 1969 година, станал екстремно влијателен за концептот „микрокернел“ – обид да се конвертира оперативниот систем во група интерактивни програми кои комуницираат преку „кернел“. Оваа иновација помогнала и во развојот на „Далечинско активирање на повик (RPC)“, кој се користи денес од програмерите за креирање дистрибутивни серверски програми.

3. Контролен протокол за трансмисија TCP


Малкумина знаат што всушност го придвижува интернетот. Контролниот протокол за трансмисија и интернет-протоколот дозволиле изолираните мрежи да се поврзат и да го унапредат интернетот. Се работи за сет на синтакса, семантика и синхронизација за размената на информации помеѓу компјутерите. TCP има основна улога во развојот на „Ворлд вајд веб“, е-пошта, „FTP“ и др.

4. Менаџмент систем за дата-база DBMS

Основната функција на компјутерот е да ги чита податоците, да ги процесира, складира и да ги прикаже. DBMS е компјутерска апликација која помага во складирањето, организирањето и модифицирањето на податоците. Оваа апликација всушност го револуционизира светот на справување со компјутерските податоци.

5. „Ворлд вајд веб – www“

Интернетот е присутен долго време, но порано бил достапен ексклузивно на академиите, владите и научните заедници. Во 1990 година Тим Бернерс-Ли го материјализира еден од највлијателните проекти на нашето време - „Ворлд вајд веб“. Со тоа се идентификуваат веб-ресурсите со униформиран идентификувач на ресурсот URI и преку него може да се движите по мрежата со помош на хиперлинкови. Со сето ова, интернетот стана достапен за сите.

6. Компјутерски маус

Маусот ги направи компјутерите лесни за навигација и употреба. Многу уреди за посочување во периодот по Втората светска војна беа прототипи за воена и научна употреба, но во 1964 година бил креиран првиот модерен маус од Даглас Енгелберт. Јавно бил демонстриран во 1968 година. „Мајкрософт“ го присвои маусот во 1982 и го направи сопствениот софтвер да биде компатибилен со маусот. Во 80-тите години беше креиран и оптичкиот маус, но економски остварлив стана по 1995 година.

7. Компјутерско складирање

Меморијата е една од најфундаменталните компоненти на компјутерот. Компјутерското складирање драматично еволуира низ времето. Од картички до магнетско складирање, па сè до флеш драјвери и оптички дискови. Сега можеме да функционираме и со зачувување на информациите на „облак“.

8. Пиксели

Пикслеите прво биле користени во телевизорите во доцните 20-ти години. Тие се елементи на сликата и се најмалата единица на дигиталната слика. Пикселите беа пренесени од печатење на екран, а сегашниот развој доведе до слики со милиони пиксели. Пикселите помагаат и во компресијата на сликите, давајќи придонес во трансферот на мултимедијалните податоци.

9. Корисничко име и лозинка

Лозинките се користеле за зачувување на тајните податоци и авторизирање на пристапот. Фернандо Корбато е таткото на модерните компјутерски лозинки. Со нив се зголеми безбедноста на компјутерите. 

10. УСБ


Не го цениме доволно УСБ-то, но тоа е креирано за да се олесни поврзувањето и преносот на податоци.

11. „Вај-фај“

Безжичното поврзување на интернет е од голема помош во денешницата. Оваа брилијантна компјутерска иновација е една од најважните во светот на технологијата.

12. „Лај-фај“

Безжична технологија базирана на светлина која е 100 пати побрза од „вај-фај“. Ова е дело на експеримент спроведен од астрофизичари. „Вај-фај“ технологијата денес зафаќа повеќе од 60% од светскиот сообраќај на интернет. Но, развојот на оваа компјутерска иновација води кон вистинска револуција во светската поврзаност.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија