Интернет-претприемачот Џек Ма, и покрај сите остри критики, својот бизнис го направил успешен. Се работи за познатата интернет-страница за пазарење „Алибаба“, вредна речиси 200 милијарди долари. Од овој претприемач може да се научи многу, а кога станува збор парите, тој има совет за речиси секого.
„Еднаш во животот обидете се во нешто. Работете напорно за нешто. Обидете се да промените нешто. Ништо лошо не може да се случи“, вели Џек Ма.
„Кога имате
20 години, бидете добри студенти. Влезете во претприемништвото за да добиете малку искуство!“
„Пред
30-та година, следете некого. Одете во мала компанија. Обично, во големите компании е добро да се учат процесите. Вие сте дел од голема машина тогаш. Но кога одите во мала компанија, вие учите што е страст, учите да сонувате. Научете како да правите многу работи со времето. Пред 30 не се работи за тоа во која компанија ќе отидете, туку кој претпоставен следите. Тоа е многу важно. Добриот претпоставен ве учи различно.“
„
Од 30 до 40 години мора да размислувате побистро кога работите за себе. Доколку навистина сакате да бидете претприемачи.“
„
Од 40 до 50 години мора да ги работите сите работи во кои сте добри. Не обидувајте се да влегувате во нови области. Веќе е доцна. Можеби ќе бидете успешни, но процентот за умирање е премногу голем.“
„Но кога имате
50 до 60 години, работете за млади луѓе бидејќи младите може да го одработат тоа подобро од вас. Затоа оставете на нив и инвестирајте во нив.“
„Кога имате
над 60 години, потрошете го времето на себе, на плажа. Уживајте.“