X
 29.04.2016 Образование

Факултетот не е пресуден за успех на работа

fakultet

 

Независната британска новинарка Хелен Вајтхаус открива дека после долги години студирање, се откажала од факултетот. Таа смета дека ова била и тоа како паметна одлука, бидејќи успеала да го најде патот до успехот каков инаку не би пронашла.


Таа пишува дека студирањето после две години толку ѝ станало одбивно, што цело лето поминала заработувајќи за живот во продавница и собирајќи колку што може новинарско искуство.

Природно е компаниите да настојуваат да привлекуваат успешни млади луѓе кои се дипломци и имаат желба да работат. Но, таа предупредува, постојат многу студенти на кои дипломата нема да им помогне да пронајдат подобра работа. Таа се повикува на истражувањето кое покажува дека иако со идентични дипломи, младите кои потекнуваат од посиромашнни семејства, после дипломирањето имаат пониски плати од своите колеги кои пораснале во услови со повисок животен стандард.

Исто така, таа истакнува дека главниот мотив за студирање на главните луѓе е надежта дека со диплома полесно ќе пронајдат работа. Истовремено, трошоците за живот се се` поголеми, школарините се се` повисоки, а и понудата за работа не е толку сигурна, такашто таа предвидува дека наскоро оваа состојба младите ќе ги оддалечи од универзитетот, особено во оние области во кои практичното искуство е многу поважно за квалитетот на работата, како што е новинарството.

Таа признава дека и понатаму се соочува со предрасуди дека има послабо образование, затоа што не дипломирала. И додека искрено се радува на секој свој пријател и колега кој дипломирал, неа апсолутно не ѝ паѓа на памете да се врати на факултет, се` додека тој дел од образовниот систем не биде насочен кон практичниот дел на образованието.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование