X
 08.05.2019 Технологија

Зошто да се запишеш на курсот Основи на развивање на софтвер: back-end страна (Java, RDBMS, Web Services)?

Ако си почетник со или без искуство во програмирање и сакаш да бидиш дел од динамична индустрија во која би градел кариера, сакаш за брзо време да научиш основни и напредни програмерски концепти ова е идеалниот курс за тебе.

Никола Поповски е програмер со повеќе од 8 години работно искуство во IT индустријата.

Зад себе има голем број на успешно реализирани проекти, безброј презентации, курсеви, а веќе од следната недела ќе го води курсот Основи на развивање на софтвер: back-end страна (Java, RDBMS, Web Services). Доколку сакаш да навлезеш во светот на програмирањето и да бидеш чекор поблиску до твојата работа во ИТ- време е да го запознаеш Никола.

1. Кој е Никола Поповски и што работи?

-„Senior Java Developer” во компанијата Interworks. Моите работни обврски вклучуваат решавање проблеми со помош на програмскиот јазик Java и сите алатки кои ги нуди. Како хоби пред неколку години започнав со предавање на курсеви поврзани со програмскиот јазикJava. Споделувањето на знаењето, како и искуството од ИТ светот на луѓе кои имаат потреба од тоа е интересно искуство кое сакам да го продлабочам и во иднина.

2. Зошто back-end?

-„Back-end” претставува компонента од еден проект задолжена за извршување на „бизнис логика” на апликацијата. Функционалностите како извршување на алгоритми, комуникација со база на податоци, комуникација со сервиси (сервиси за плаќање, сервис за порачка на продукти итн..) се имплементирани во „Back-End” компонентата. Со секој клик на копче на веб страна ние повикуваме некоја функционалност од „Back-End” компонентата која нас ни враќа некој резултат кој се прикажува на веб страната која ја користиме.

3. Што ќе научат учесниците на курсот: Основи на развивање на софтвер: back-end страна (Java, RDBMS, Web Services)?

-Курсот е динамичен и реализираосновни и напредни теми наменети за почетници.Секој студент ќе научи што е програмирање, како да решава логички проблеми со помош на програмскиот јазик Java, концепти за објектно-ориентирано програмирање, комуникација со релациона база, креирање и користење на Web Services....

4. Кому го препорачуваш курсот?

-Курсот е наменет за почетници кои немаат големо искуство со програмирање, кои сакаат да започнат кариера во ИТ индустријата или да ги продлабочат своите знаења во програмирање со Java. Java програмскиот јазик е еден од најчесто користените програмски јазици, лесен за учење и користење идеален за почетници кои првпат се среќаваат со програмирањето како проблем.



5. Како и каде ти учиш нови вештини, технологии или јазици?

-Најчесто вештините ги продлабочувам со секојдневните задачи и проблеми кои ги решавам во текот на работниот ден. Поради динамиката на индустријата во слободно време користам книги и видео курсеви со цел да научам нови технологии кои би ги користел во иднина како дел од еден проект.

6. Каде можат да добијат повеќе информации заинтересираните за курсот?

-Сите информации за курсот се достапни на нашата веб-страна, но исто така можат да дојдат во четврток во Интерворкс Едукативен Центар од 17:30 часот кога организираме отворен ден токму со цел да ги одговориме сите прашања кои би ги имале заинтересираните.

7. Совет за добивање на работата од твоите соништа?

-Пронајди го тоа што сакаш да го работиш, заврши курс, прочитај ги најдобрите книги, најди работа во компанија каде што ќе можеш да ги продлабочиш своите вештини и да добиеш работно искуство, после ова сите врати ќе почнат да се отвораат.

Пријави се на курсот овде.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија