X
 08.09.2022 Образование

Професор во Ирска одбил да користи родово неутрална заменка за ученик, па го уапсиле

Еден професор во средно училиште во Ирска бил суспендиран од работното место, а потоа и уапсен за непочитување на судот откако одбил да му се обрати со родово неутрална заменка на трансродов ученик. Инох Бурк бил уапсен неделава за непочитување на судска одлука која му забранува да предава во средното училиште „Вилсонс хоспитал скул“ во Вестмит.

Според судската одлука, Бурк не смее ниту да биде присутен во училиштето. Тој ќе остане во затвор сè додека не го признае делото или судот не донесе нова одлука. Бурк изјавил пред судијата дека е лудост што е уапсен затоа што одбил да се откаже од своите христијански верувања.



- Го сакам моето училиште, со неговото мото res non verba - „Дела, не зборови“ - но тука сум денес бидејќи реков дека нема да му се обраќам на момче како на девојче - изјавил Бурк за судот.

Бурк предава историја, политика и германски јазик. Училиштето одлучило да го суспендира од работното место откако Бурк одбил да ја користи заменката „тие“. Меѓутоа, професорот одбил да ја почитува одлуката според која тој не смее да се појави во училиштето. Затоа судот побарал негово апсење откако бил пронајден сам во празна училница во училиштето.

Извор: New York Post
Насловна фотографија: Twitter (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование