X
 08.11.2017 Живот

Карактеристики што треба да ги истакнете во вашето CV

Во пост објавен на платформата „Линкдин Лрнинг“, Рид Хофман, основачот на оваа социјална мрежа, Аријана Хафингтон, основачот на „Хафингтон пост“, Рајан Холмс, директор на „Хутсуит“, и Бил Џорџ, водечки професор во бизнис-училиштето при Универзитетот „Харвард“, го споделија со јавноста своето мислење за тоа со кои предизвици ќе се соочат следните лидери и кои вештини ќе им бидат потребни за да успеат.

Еве што ве советуваат врвните лидери кога станува збор за вашето CV.

1. Цел


Аријана Хафингтон смета дека е важно да пронајдете и да ја одржувате целта. Целта не е нешто што е фиксирано, тоа е вештина што се создава, зајакнува и негува, така што сите во компанијата треба да ја усвојат. Целта е основата врз која се темелат и профитот и растот.

2. Способност да се инспирираат и мотивираат вработените


Реид Хофман смета дека директорите мора да научат како да привлечат и да менаџираат таленти за да можат да бидат во тек со промените. Наместо да се фокусираат само на плати и бонуси, лидерите треба да постават добри основи за своите вработени за тие да можат да напредуваат во кариерата.

3. Волја за учење

Светот постојано брза напред, така што идните раководители мора да бидат подготвени и да ја прифатат секоја промена што доаѓа. За да можат да ја следат промената, мора да имаат волја да учат.

„Како раководител, мора да бидете вреден за да се приспособите на промените. Бизнис-светот се менува и не можете да се потпрете на претходното искуство, без оглед на тоа колку сте успешни во моментот.

4. Активно користење на социјалните мрежи

Според Рајан Холмс, 61 отсто од оние што се на листата со директори на „Форчн 500“ воопшто не се присутни на социјалните мрежи, а тоа е грешка.

Главните бизнис-лидери што се активни на социјалните мрежи имаат платформа преку која ги споделуваат пораките со светот. И не само тоа - тие можат да ги привлечат најдобрите таленти во својата компанија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот