X
 08.11.2017 Култура

Триесет интересни факти за Куба

Куба, држава-архипелаг на северните Кариби, се наоѓа меѓу Карипското Море, Мексиканскиот Залив и Атлантскиот Океан и е една од најпосетените земји во светот со околу два милиона туристи на годишно ниво.

Северно од Куба се наоѓаат САД и Бахамите, на запад е Мексико, на југ Кајманските Острови и Јамајка, а на југоисток – Хаити. Ви претставуваме 30 интересни факти за оваа, официјално атеистичка држава, која е позната по своето бурно минато.

1. Куба е една од двете држави каде што не се продава најпознатиот газиран пијалак во светот – „кока-кола“. Втората земја е Северна Кореја.

2. На територијата на Куба, САД ја поседуваат својата база „Гвантанамо“, за која плаќаат 4.084 долари, односно 3.329 евра на месечно ниво. Државата Куба сè уште не наплатила ниту еден единствен чек од таа необична рента.

3. Кога имал 12 години, Фидел Кастро напишал писмо до тогашниот американски претседател Рузвелт во кое го замолил да му испрати банкнота од 10 долари затоа што никогаш не ја видел.

4. Пред да се воспостави ембарго на кубанските производи, американскиот претседател Џон Кенеди купил 1.200 кубански цигари.

5. Куба е земја со најверојатно највисока стапка на писменост во светот, со 99,8 % писмено население.

6. Фидел Кастро е роден на петок 13-ти. Исто така, во една пригода изјавил дека заштедува 10 работни часа затоа што не се бричи, а врз него се направени дури 637 обиди за атентат.

7. Денес на улиците на Куба можат да се видат автомобили од педесеттите години на минатиот век кои сè уште се во возна состојба. Имено, купувањето личен автомобил целосно е забрането, па единствено автомобил можат да поседуваат лица што го наследиле во периодот пред 1959 година.

8. Доколку се наоѓате во Куба и стопирате, државните возила имаат законска обврска да застанат и да ве соберат.

9. Мобилните телефони во оваа земја беа забранети сè до 2008 година.

10. Само пет проценти од Кубанците поседуваат интернет затоа што за тоа е неопходна посебна дозвола. Во спротивно, предвидена е казна затвор во времетраење до пет години.

11. За време на кубанската криза на островот имало повеќе од 150 нуклеарни бомби.

12. На Куба има толку лекари, што државата е принудена да им бара работа во странство.

13. Од Куба може да отпатува само најстариот член од семејството и тоа само доколку некој од странство му купи карта за превоз.

14. Една од наредбите што Кастро ги издал веднаш по револуцијата била да се уништат сите примероци од играта „Монопол“.

15. Божик не се признавал како празник сè до 1997 година, кога Куба ја посетил папата Јован Павле Втори.

16. Кубанските централни канали се емитуваат без реклами.

17. Колку Фидел Кастро бил воодушевен од Џон Ленон сведочи и фактот што наредил да се постави негова статуа во Хавана.

18. Пико Туркино е највисокиот планински врв на Куба. Неговата висина достигнува 2.005 метри надморска висина.

19. На Куба стапката на криминал е најниска на светот.

20. Варадеро е главниот туристички град во државата, со над 20 километри песочни плажи.

21. Кубанската медицина се смета за најдобра во светот.

22. Просечниот животен век на жителите на оваа земја е 75,6 години.

23. Половината од популацијата на Куба се атеисти.

24. Официјален јазик во државата е шпанскиот, а сите што учеле за време на поранешниот Советски Сојуз зборуваат и руски.

25. Извозот на старите американски автомобили, особено од марката „шевролет“, е забранет со закон.

26. Пред пет години американската влада создала лажна компанија „Твитер“ со цел да собира информации за Кубанците.

27. Жените сочинуваат 44,7 проценти од вкупната работна сила и добиваат исти плати како и мажите за исти работни места.

28. На Куба 85 проценти од семејствата не плаќаат кирија за становите.

29. Најголем остров во архипелагот е Хувентуд, познат и како Островот на младоста, а го открил Христофор Колумбо во 1494 година, на своето второ патување во потрага по Новиот свет, што е едно од имињата што се користеле за американскиот континент.

30. Најпознатата фабрика за цигари „Партагас“ се наоѓа во Хавана и од 1845 година цигарите се оригинален сувенир на оваа земја.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура