X
 09.03.2025 Живот

Дневен престој за целото соседство: Најкреативниот јавен парк во Европа создаден според желбите на жителите

Суперкилен е јавен простор во Копенхаген, урбан парк во областа Норебро, која е една од етнички најразновидните населби во цела Данска. Паркот бил дизајниран и изграден во тесна соработка со локалната заедница за да им обезбеди на жителите сè што им треба, а исто така исполнува некои многу посебни и лични желби.

Паркот е поделен на три големи области: Црвен плоштад, Црн пазар и Зелен парк. Црвениот плоштад нуди модерни удобности, кафулиња, простор за концерти и спорт, Црниот пазар е класичен плоштад со фонтана и клупи, а Зелениот парк е парк со маси за пикник, рекреација и шетање со кучиња.

Паркот, отворен во 2012 година, брзо станал заедничка дневна соба за целото соседство, во која уживаат и оние што не живеат во близина, а секако и туристите. За да ја отслика културната различност на населбата, таму е поставена необична „изложба“, која на прв поглед се состои од обичен инвентар за во парк.


Сè, од корпи за отпадоци, опрема за вежбање, фонтани и осветлување, е увезено (или „копирано“) од различни делови на светот, поточно – од дури 60 земји.


Овде можете да се опуштите покрај фонтана од Мароко, да се лулате на лулашки од Ирак, да се одморите на клупи од Бразил или да се спуштите на тобоган - од Јапонија. Опремата за вежбање е како оние на плажите во Лос Анџелес, корпите за отпадоци се како оние од Лондон, а неонските табли се од Русија и Катар.

Секој предмет е означен со плоча која открива повеќе за него и истовремено го претвора во експонат. Необичниот дизајн и концепт на урбана различност освоил многу награди, а граѓаните секојдневно доаѓаат овде на прошетки, рекреација, панаѓури, концерти и фестивали...

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Фото: Instagram

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот