Кубер Пиди - навидум напуштен и тивок град на северот од Јужна Австралија. Го краси бескрајна, прашлива рамнина, со многу мали „пирамиди“. Во текот на летото, во овој град температурата во сенка надминува 50 °C, оставајќи го изгорен, сув и празен.
И како човекот се приспособил на овие временски услови? На место каде што птиците паѓаат од небото поради топлината, сосема е разбирливо зошто жителите на градот живеат на необична локација - под земја.

Кубер Педи е оддалечен над 800 километри од најблискиот град. Познат е и како „Главен град на опалите“ поради големата количина скапоцени камења што можат да се најдат таму. Името на градот доаѓа од абориџинскиот термин „купа-пити“, што може да се преведе како „бел човек во дупка“.
„Засолништата“ однадвор изгледаат како обични куќи, а внатрешноста е како пештера. Подземните згради се длабоки најмалку четири метри за да не се сруши покривот. И на таа длабочина температурата е околу 23 степени.
Магацин на опал
Малите пирамиди кои се симбол на ова место се всушност остаток од децениското рударство. Тие се нарекуваат „дагаутс“ (ископини), а некогаш биле населени од рудари. Денес сè уште има рудари, но тој број се намалува.

Што барале на ова место? Опал. Скапоцен камен на кој можат да се видат различни бои. Неговиот хемиски состав е најсличен на кварцот и најчесто се користи за декорации и накит.
Првите доселеници биле војници што се вратиле од Првата светска војна. Тие знаеле како да живеат и да копаат ровови. Оние што ќе најделе опал, спиеле со пушка за да не бидат ограбени.
Иако денес има малку рудари, таа индустрија заедно со туризмот го одржува градот жив.

Дополнителни придобивки
Освен што обезбедува засолниште од екстремната топлина и е богато со скапоцени камења, дополнителна придобивка е што речиси нема инсекти.
Покрај тоа, подземните домови можат да обезбедат некаков вид заштита од земјотреси, а локалните жители велат дека за време на земјотрес се чувствува само мала вибрација.
Извор: forbes.n1info.rs
Фото: Wikipedia