X
 09.04.2023 Наука

Растение може да помогне во борбата против дебелината

Според ново истражување, антиоксидансите во растението суданска роза може да помогнат во борбата против дебелината и би можеле да се користат како замена за лекови за регулација на телесната тежина.

Истражувањето спроведено на универзитетот РМИТ го анализирало потенцијалот на фенолните екстракти, кои се антиоксиданси, и хидроксицитрична киселина кои се наоѓаат во растението за спречување на создавањето масни клетки.

Кога телото има вишок маснотии, тие се чуваат во клетки кои ги претвораат во специјален вид масни клетки. Овие масни клетки играат улога во регулирањето на нивото на енергија и шеќер во телото, но во преголеми количини предизвикуваат зголемување на телесната тежина.


Фото: Pixabay

Истражувањето покажало дека фенолните екстракти од растението доведуваат до намалување на маснотиите во клетките за дури 95 отсто.

Откритието би можело да го смени начинот на кој се третира проблемот со дебелината. Моменталните методи најчесто се фокусираат на промени во животниот стил или лекови. Лековите се ефективни, но може да имаат негативни последици. Фенолните екстракти може да бидат здрав метод на слабеење преку исхраната, без да има негативни ефекти, според истражувачите.

Експертите сметаат дека растението ќе игра голема улога во индустријата на здрава храна на Австралија бидејќи земјата има совршена клима за негово одгледување.

Извор: SciTechDaily
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука