X
 09.05.2017 Образование

Колку чини школарина, сместување и храна во земјите ширум Европа?

Причините поради кои младите најчесто се одлучуваат да студираат на факултет надвор од нашата земја се подобар квалитет на образование, поголеми шанси за вработување и останување во земјата во која студираат и слично.

Меѓутоа, пред да се одлучите да студирате на одреден факултет, потребно е да ги знаете трошоците кои следуваат со студирањето во таа земја.

Австрија


Доколку се одлучите да студирате во оваа земја, потребно е да знаете дека киријата за двокреветни соби изнесува од 300 до 400 евра месечно. Исто така, нема субвенции за исхраната, а исхраната е прилично скапа и изнесува од 5 до 7 евра во менза, а 10 до 15 евра во ресторан, 4 евра кафе, 75 евра студентска карта за превоз. Со тоа, студентскиот буџет изнесува околу 800 евра месечно.

Словенија

Во Љубљана треба да бидете подготвени да плаќате над 210 евра за сметки и кирија, додека соба во студентски дом изнесува 65 евра. Исхраната во менза во Љубљана, оброкот е околу 2 евра. Исто така, државата на секој студент му овозможува бонови за исхрана во износ од 2.63 евра по оброк, па можете да јадете во било кои јавни ресторани. Кафето чини 1.10 евра во студентско кафуле, а ако паднете по трет пат, испитот го плаќате 175 евра.

Чешка

За живот во Чешка, потребно е да издвоите околу 130 евра за кирија, додека останатите месечни трошоци во Прага, се околу 350 евра. Ручек во ресторан изнесува од 10 до 15 евра со пијалак, меѓутоа имате можност и да јадете во студентски дом каде оброкот е околу две евра. По две евра се и кафето, чајот и соковите. Влезница за диско клуб изнесува околу 5 евра, за национален музеј 8 евра, за кино 6 евра, театар 20 до 30 евра.

Германија

Киријата студентски дом во Германија изнесува околу 350  евра месечно, додека изнајмувањето на помал приватен стан чини 500 евра. Потребно е да издвоите 15-20 евра за ручек во градскиот ресторан, а 7-10 евра ручек во студентскиот дом. Кафето и топлите пијалаци се од 3 до 3.5 евра, а од 2 до 3 евра е сокот. Доколку сакате да влезите во клуб треба да платите од 8 до 10 евра, а истото важи и ако сакате да погледнете филм. Вкупно, животниот трошок за студентите изнесува помеѓу 750 до 900 евра.

Унгарија

Приватниот студентски дом се движи од 150 до 300 евра месечно, додека ако сакате студио апартман во приватен студентски дом, тоа ќе ве чини 500 евра. Приватното сместување е поскапо и изнесува 270 до 400 евра. Ручекот изнесува 3.5 евра во студентскиот дом, 1 евро кафето, додека надвор, кафето е 1.5 евра. Вкупните трошоци во текот на месецот изнесуваат од 400 до 500 евра.

Италија


Цените за трособен стан од 70 квадрати изнесуваат од 600 до 700 евра. 150 евра е годишната карта за автобус. За јадење во ресторан треба да издвоите 10 до 15 евра, а ако сакате да се напиете кафе тогаш треба да платите 1.5 евра. 2.20 евра е сокот, а 10 евра е влезница за кино. Вкупните месечни трошци се од 600 до 700 евра.

Холандија

Во Холандија сместувањето се движи од 400 евра па нагоре. 2.5 евра е кафето, а од 7 евра е ручекот. 7 евра се и влезниците за музеј, театар, кино (со попуст за студенти). Јавниот превоз, односно возот чини од 11 до 14 евра. Вкупните месечни трошоци се од 700 до 850 евра.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование