X
 11.11.2021 Образование

Формиран Алумни-клуб на УКЛО

На пригоден настан што се одржа на 10 ноември 2021 година на ФИКТ, официјализирано е формирањето на Алумни-клубот на УКЛО.

Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, го искажа задоволството дека со Алумни-клубот се продлабочува поврзаноста на Универзитетот со дипломираните студенти  и дека алумнистите се важни заштитници и закрилници во јакнењето на брендот на Универзитeтот. Тој нагласи дека со градењето цврста, одржлива мрежа на алумнистите со студентите од УКЛО се исполнува значајна цел, се овозможува повеќестрана корист за сите вклучени и инволвирани фактори во насока на зголемување на професионалните контакти, истражувања и иницијативи.

uklo

Во рамките на настанот се обрати и проректорот за студентски работи на УКЛО, проф Марјан Ѓуровски. Тој посочи дека алумните на УКЛО се богатство и се осврна кон многубројните очекувања од нивната вклученост во Алумни-клубот на УКЛО. Тој нагласи дека приватниот бизнис-сектор е маргинализиран во процесот на управување, програмирање и финансирање на високото образование и научните истражувања и има најниско учество во технолошко-иновациската дејност во регионот. Според него, потребни се образовни политики кои ќе изградат култ од образованието како најважен државен, национален и економски ресурс, наместо негова маргинализација и потценување. Науката и високото образование не треба да се третираат како потрошувачка, туку како најважна продуктивна сила на општеството.

uklo

Особено е значајно дека освен алумнистите на УКЛО кои градат успешни кариери во земјава и во светот, манифестацијата ја следеа и студенти од УКЛО кои имаат свои цели, визии, знаат што сакаат да направат во животот. Меѓу нив беше и Димитар Митревски, студент на ФИКТ, кој користејќи ги стекнатите знаења и својата инвентивност, иновативност и претприемачки дух, успешно ја пласира во јавноста платформата Бинтерн, која на едноставен начин им помага на сите студенти побрзо да стигнат до пракса.

2

На настанот покрај презентација на Алумни-клубот, неколку алумнисти од УКЛО, истакнати стопанственици и општествени работници имаа свои обраќања во кои се осврнаа низ лични впечатоци да укажат на фактот дека успехот на еден универзитет се мери со придонесот на неговите алумни. Од име на алумнистите на УКЛО се обратија: Наќе Чулев од Агенција за разузнавање, м-р Наташа Пресилска-Алумнист, сениор-менаџер во Арнот бисвкит во Сиднеј, д-р Наташа Несторовска-Алумнист, член на управен одбор - Стопанска банка А.Д. Битола и академик Неџат Корајлиќ - докторанд на Факултетот за безбедност во Скопје, професор на Универзитетот во Сараево, БиХ.

uklo

На развојот на Алумни-клубот на УКЛО му претходеше формирање на Координативно тело во кое се вклучени респектабилни УКЛО-алумнисти, дел од близу 38 илјади дипломирани студенти на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола. 

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование