X
 09.06.2020 Култура

Објавен досега непознат расказ од Ернест Хемингвеј

Минатата недела беше објавен досега непознат расказ од Ернест Хемингвеј кој потсетува на неговиот роман „Старецот и морето“. Расказот, чиј наслов на англиски гласи „Pursuit as happiness“, беше објавен во минатонеделното издание на списанието „Њујоркер“.

Приказната го следи нараторот на патување во потрага по вид риба во океанот. Внукот на писателот, Шон Хемингвеј, открил дека го пронашол расказот кога ја разгледувал колекцијата на дела од Хемингвеј во библиотека во Бостон.

- Не сум сигурен зошто му се обрнало толку малку внимание, но тоа е скапоцен камен помеѓу сите необјавени материјали - изјавил тој.


Фото: Wikipedia

Расказот е автобиографски, но Шон вели дека повеќе сака да го смета за фикција бидејќи е внимателно напишан како фиктивен расказ. Според него, веројатно расказот бил инспириран од специфично рибарско патување во текот на летото 1933.

Расказот ќе биде вклучен во новото издание на „Старецот и морето“, кој бил напишан во 1951. Според Шон, необјавениот расказ бил напишан некаде помеѓу 1936 и 1956.

Автор: Алисон Флат
Извор: theguardian.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура