X
 09.07.2025 Живот

Ова се државите што нудат најдобра рамнотежа меѓу работата и приватниот живот во 2025 година

Во денешниот свет, кога сите брзаат некаде, сè поголема е потребата од здрава рамнотежа меѓу приватниот живот и работата. Овој инфографикон ги рангира државите според тоа колку успешно го поддржуваат овој баланс во 2025 година. Резултатите ги истакнуваат нациите што еднакво ги вреднуваат благосостојбата и продуктивноста.

Податоците за ова рангирање се земени од веб-страницата „Remote.com“. Во процената се опфатени 20 држави врз основа на критериуми како платен одмор, породилни бенефиции, минимална плата, здравство, безбедност и среќа, со што е изграден индекс за рамнотежа меѓу животот и работата.

Нов Зеланд и Ирска се лидери

Нов Зеланд е на врвот со индексна оцена од 86,9 од 100, нудејќи 32 дена законски годишен одмор и 26 недели целосно платено породилно отсуство. Ирска е веднаш зад него со слично дарежливи услови, вклучувајќи универзално здравство и висока минимална плата. Според ОЕЦД, државите со цврсти социјални заштити често пријавуваат повисока работна сатисфакција и подобро ментално здравје.

1
Фото: Visual Capitalist

Северна Европа обезбедува долг платен одмор

Скандинавските земји како Норвешка, Данска и Финска се високо рангирани поради долгите платени одмори и универзалниот пристап до здравство. Особено Норвешка нуди до 49 недели целосно платено породилно отсуство. Овие држави редовно се наоѓаат високо на индексите за среќа и животно задоволство благодарение на социјалната еднаквост и системите за поддршка.

Здравството и платите влијаат врз рангирањето

Државите со универзално здравство и повисоки минимални плати обично имаат подобри резултати на индексот. Канада, Австралија и Обединетото Кралство нудат универзални здравствени системи и конкурентни плати, иако се разликуваат во поддршката за породилно отсуство.

Извор: Visual Capitalist
Фото: Visual Captialist
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот