X
 10.03.2018 Култура

Фаталната љубов на Оскар Вајлд што го довела до пропаст

оскар
Фото: Profimedia

Околу 75.000 луѓе во Велика Британија завршиле во зандана поради хомосексуалноста. Сите тие, па и Валјд, биле амнестирани дури во 2017 година.

Веројатно не постои уметник во историјата на културата што доживеал таков пад во толку краток период како Оскар Вајлд. На почетокот на 1895 година година Вајлд бил можеби најпопуларниот уметник на викторијанскиот Лондон. Бил омилен новинар и основач на она што се нарекува „женско новинарство“. Бил најпопуларниот комедијант на Вест Енд, а неговата претстава „Важно е да се викаш Ернест“ била продадена месеци однапред.

Петнаесет недели подоцна, Вајлд се нашол на дното: сиромашен, понижен, избегнуван од општеството и фрлен зад решетки. Причината за тоа била неговата  хомосексуалност. Вајлд се нашол на удар на маркизата од Кинсберија, богата благородничка која била бесна што Валјд бил љубовник на нејзиниот убав и разгален син Алфред Даглас. По бескрупулозната судска кампања, Кинсбери успеал да ја докаже хомосексуалноста на Вајлд, која и тогаш, и многу долго време после тоа, во Британија било казниво дело. Вајлд се нашол во весниците, ги изгубил репутацијата и семејството, а на патот до самицата луѓето го плукале. Тој ден Вајлд рекол дека ја изгубил верата во Бога и во луѓето“.

Приказната за падот е една од најпознатите во историјата на културата и најпозната епизода на прогонување на ЛГБТ-малцинствата. Приказната била предмет на неколку филмски адаптации, вклучувајќи и два британски филма од 1960 година, кога декриминализацијата на хомосексуалноста станала политичко прашање.

Што се случило со Вајлд кога излегол од затвор? Последните четири години од животот на Вајлд се тема на филмот „Happy Prince“ во режија на британскиот актер Руперт Еверт.

Приказната започнува во 1897 година: После затворот, Вајлд емигрирал во Франција каде што живеел во сиромаштија, исклучен од книжевниот живот. За него се грижел неговиот љубовник Роберт Рос (Едвин Томас). Релативниот мир го уништува пристигнувањето на доаѓањето на истиот човек кој го уништил животот на Вајлд: Бози Даглас (Колин Морган). Кога Вајлд излегол од затвор, еден од условите бил Вајлд и неговиот љубовник никогаш повеќе да не се сретнат: услов за сопругата на Вајлд да плати кауција. Но Даглас во 1897 година оди во Нормандија, а Вајлд не може да му одолее и повторно пубертетски се заљубува. Вајлд и Даглас патуваат во Неапол, каде што ги трошат последните пари на забави додека повторно не се скараат. Од тој момент стануваат лути непријатели.

По љубовната расправија, Вајлд се враќа во Париз. По лесна хируршка процедура на главата, добива менингитис и умира во 48. година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура