X
 09.10.2022 Живот

Неверојатно видео од поларната светлина снимено во Англија

Aстрофотограф снимил неверојатно ретко прикажување на поларната светлина во тајмлепс-видео од Нортамберланд, Северна Англија.

Ден Монк ја направил фотографијата додека работел во шумата Килдер на 2 октомври.

Позната и како аурора бореалис, поларната светлина е реткост во Обединетото Кралство. Полесно е да се види во земји како Исланд и Норвешка.

- Навистина беше неверојатно, ова е една од најдобрите глетки што некогаш сум ги видел во Нортамберланд - изјави Монк, кој е директор за астрофотографија во опсерваторијата „Килдер“.


Извор: Independent.co.uk
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот