X
 09.10.2023 Забава

Започнува реално шоу инспирирано од Џејмс Бонд

„Амазон“ објави нов трејлер за реално шоу „007: патот до еден милион“ (007: Road to a million), чиј водител е шкотскиот актер Брајан Кокс.

Емисијата ќе следи девет пара кои се впуштаат во авантури инспирирани од приказните за Џејмс Бонд за да освојат награда од еден милион фунти. Кокс е во улога на генијален ум кој одредува каде  мора да одат и што мора да прават паровите, како и да ги одбира прашањата на кои тие мора да одговорат.

Натпреварувачите патуваат низ светот за да пронајдат 10 скриени прашања. За да ги одговорат прашањата, мора да решаваат опасни задачи кои ја тестираат нивната издржливост. Паровите што успешно ќе ги одговорат прашањата задржуваат одредена сума пари и продолжуваат со натпреварувањето за главната награда.

Серијата ќе биде достапна на „Амазон прајм“ од 10 ноември.


Извор: 24sedam
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава