X
 24.10.2022 Технологија

Истражување покажа кој е најранлив интернет-прелистувач

Ново истражување што го спроведе фирмата „Атлас ВПН“ откри кој интернет-прелистувач е најранлив во 2022 година.

Според податоците на фирмата, најмногу ранливости биле пријавени за прелистувачот „Гугл хром“, кој е најпопуларен прелистувач во светот. Оваа година биле пријавени 303 ранливости поврзани со прелистувачот.

На второ место се наоѓа „Мозила фајрфокс“ со 117 ранливости, а на трето е „Мајкрософт еџ“ со 103 ранливости. „Сафари“ е на четврто со 26 ранливости, а „Опера“ на петто место со 0 ранливости.

Кога станува збор за ранливостите што биле откриени од започнувањето на работата на прелистувачите досега, „Гугл хром“ повторно е на врвот со 3.159 ранливости, иако другите прелистувачи се постари од „Гугл хром“.



Извор: Geek
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија