X
 15.12.2017 Технологија

Како укинувањето на интернет неутралноста може да влијае врз вас?

интернет
Фото: Flickr

Денес, Федералната комисија за комуникации на Америка гласаше за укинување на серија закони поставени од истата комисија во 2015 година. Овие закони се фокусираа на идентитетот на интернетот како јавна услуга и правото на сите граѓани да имаат еднаков пристап до сите информации што се прикажани преку интернет, без оглед на примателот и потеклото. Претседавачот на Федералната комисија за комуникации, Аџит Паи, ја објави оваа изјава за она што комисијата го нарекува „Враќање на слободата на интернетот“.

Опозицијата за враќање на редот на слободата на интернетот е присутна уште откако комисијата го објави гласањето претходно оваа година. Извршниот директор на „Редит“, Стив Хафман денес изјави дека гласот на Федералната комисија е очекувано фрустрирачка, но не е крај на борбата за неутралност на интернет. Компанијата и нејзините корисници стравуваат поради планот на Федералната комисија да ги укине законите за неутралност на интернет.

Додека изјавата на Паи ги цитираше 90-те како ера на раст и иновациија на интернет, многу од неговите корисници имаат различно сеќавање. Постоеше период на извонреден и непроверен раст на е-трговијата и шпекулации во интернет бизнисот во текот на 90-те. Интернетот за кој Паи зборува во видеото, оној во кој доминираат „Амазон“, „Гугл“, „Нетфликс“ и други, е токму она што се издигна од пепелат на нерегулираниот пазар што се случи во минатото.



Што точно е неутралност на интернетот?


Видеото подолу од „Би-Би-Си“ дава објаснување на основниот принцип на неутралноста на интернетот.

Едноставно кажано, тоа е збир на закони ставени во место што не му овозможува на интернет сервис провајдерот да одлучи каква информација може или не може да оди, или со која брзина. Ова значи дека на било кои два отворени канали на интернет мора да им биде дозволено да разменуваат информации со иста брзина, без разлика каква содржина споделуваат меѓу нив.

Земете ги за пример „Нетфликс“, „Хулу“, „Јутјуб“ и „Вимео“. Овие четири компании нудат слични услуги. Можеби сте го пробале едниот сервис, но повеќе ви одговарал другиот. Законите на неутралноста на интернет го спречува вашиот добавувач на интернет услуги да избере за вас кој сервис ви е дозволено да го користите или колкава ќе биде брзината со која податоците ќе бидат доставени од било кој од овие сервиси.

Американскиот интернет сервис провајдер веќе ги прекрши овие регулативи претходно оваа година, кога призна дека ги блокира брзините на „Нетфликс“ и „Јутјуб“. Ова не е нов проблем, и всушност, многу луѓе станаа свесни за потребата на неутралност на интернетот поради загриженоста за начинот на кој интернет провајдерите ги третираат одредени компании.

Што значи укинувањето?


Како и со секој контроверзен субјект, постојат две страни на аргументот и два можни евентуални настани. Постојат добри причини да се верува дека нешто добро и лошо ќе произлезе од оваа одлука.

Во соопштението од гореспоменатиот претседавач се наведува дека интернетот не е вообичаена алатка и не треба да се третира како таква. Нема претприемачки аспект како што имаат услуги како вода и електрична енергија.

Друга корист што Паи ја предложува кога станува збор за укинувањето е тоа што провајдерите на услуги треба да имаат можност да одлучат кои исходи ги гледаат како најкорисни за своите корисници. Ова ги вклучува службите за итни случаи или претприемачките каузи во добивање на подобар прием од оние на „Гугл“ или „Амазон“, со што се промовира слободна трговија во пазарно опкружување.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија