X
 09.12.2019 Живот

Македонски ученици кршат клупи и ги фрлаат низ прозорец, зошто на ПИСА пак сме на дното? Што истражуваше Факултети.мк неделава

Ученици од Македонија палат клупи, ги кршат и ги фрлаат низ прозорец. И сето тоа го снимаат и го постираат на „Инстаграм“. Резултатите од ПИСА повторно се разочарувачки. Додека нашите ученици се потпросечни и не разбираат што читаат, министерот за образование и наука скокот од 4. на 11. место одназад го претстави како огромен успех. Анализи за овие состојби, за развојот на случајот со просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, зошто Климент Охридски ги удрил темелите на Охридската книжевна школа токму во Охрид. Ова се темите кои тимот на Факултети.мк ги истражуваше неделава.

Однесување покрај наставничката

Јавноста се разбранува по објавувањето на нашата приказна за групата на „Инстаграм“
„Crazy.school.videos.mk“, која објавува видеа од македонски ученици кои намерно дивеат во училници и кршат училиштен инвентар, се смеат и сето тоа го снимаат. Групата имаше 100-ина постови и 15.000 члена.



Неколку часа по објавувањето на текстот инстаграм-групата беше избришана откако од Министерството за внатрешни работи изјавија дека по објавата на Факултети.мк, Сeкторот за компјутерски криминал и дигитална форензика постапува по овој случај.

Ученик фрла столче низ прозорецот

Кој е виновен за дивеењето на учениците низ македонските училишта, е анализата на состојбите која ја објавивме следниот ден. Сите по малку, велат експертите. Нивните ставови прочитајте ги ТУКА.



Друга исклучително важна тема со која се занимававме се резултатите од меѓународнотo тестирање ПИСА за постигнувањата на ученици на 15-годишна возраст по јазична писменост, математика и природни науки. Македонија е на 11. место одназад, што е за неколку места погоре за разлика од тестирањето во 2015 година, кога бевме на 4. место одназад.
Сепак, скокот на дното министерот за образование Арбер Адеми го претстави како огромен успех на нашите ученици.

Арбер Адеми

Оваа прес-конференција наиде на негодувања од целата јавност, а и од експертите. „ПИСА: Наставниците не ги учат учениците да мислат критички, а тие, пак, оставаат празни листови“ е насловот на анализата во коjа своите ставови ги кажуваат токму наставниците. Тие се децидни дека од нив најмногу зависи какви постигнувања ќе има еден ученик.

Елизабета Секирарска

Професорката Елизабета Секирарска смета дека нашите ученици се заглавени во систем на таксативно образование без квалитет, фактографско учење кое не им креира поглед на нештата кои од тие факти треба да произлезат и кои за нив ќе значат дека знаат зошто ги учеле и каде може да ги применат. Прочитајте ја ТУКА нејзината колумна со наслов „ПИСА: Уште еден лет во место“.

Од прес-конференција на НАкС

Објавивме и текст на кои институти платите се зголемија за една четвртина, и развивањето на случајот со инспекторот Ѓорѓи Илиевски откако Државната комисија за спречување корупција, која констатирала судир на интереси при извршувањето на вонредниот инспекциски надзор на Тетовскиот универзитет околу законитоста на наставно-научните звања на тројцата државни функционери, доставила Иницијатива за поведување постапка за утврдување одговорност за инспекторот Африм Саљиу до Инспекцискиот совет.

Св. Климент Охридски / Фото: Wikimedia

Неделата ја завршивме со текстот посветен на празникот Св. Климент Охридски и во какви услови тој ја основал Охридската книжевна школа.
Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот