X
 10.01.2023 Живот

Тутунските компании во Шпанија отсега ќе плаќаат за чистење на догорчињата

Производителите на тутунски производи во Шпанија ќе мора да плаќаат за чистење на догорчињата од улиците и плажите во Шпанија.

Во земјата се фрлаат милиони догорчиња годишно кои предизвикуваат отровен отпад на кој му се потребни децении за да се разложи. Според податоци од 2020 година, околу една петтина од возрасните Шпанци пушат цигари секој ден.

Новите правила за тутунските компании стапија во сила минатата седмица, иако не е јасно како тие ќе бидат имплементирани и дали на крајот трошоците ќе ги сносат потрошувачите.

Се проценува дека локалните власти во Каталонија плаќаат од 12 до 21 евро по жител годишно за чистење на догорчињата од улиците. Ситуацијата е полоша покрај брегот, а отпадот од цигари на плажите е голем.

Според новите правила, производителите на цигари ќе ја носат одговорноста за чистење на догорчињата. Новите правила се дел од закон со кој се забранува пластиката за една употреба.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот