X
 10.06.2020 Образование

Британските студенти ќе имаат виртуелна пракса за да си ги зголемат шансите за вработување

Студентите во Велика Британија може да аплицираат за виртуелна пракса во текот на летото. Мерката следува по повеќе објави за негативните очекувања на младите за работните можности во време на пандемијата.

Ќе бидат понудени тридневни практични активности во области како технологијата, комерцијалното право и инвестициското банкарство. Праксата треба да им помогне на студентите да добијат вештини да ги зголемат шансите за вработување. Во виртуелната пракса ќе земат учество и големи компании како „Гугл“ и „Водафон“.


Фото: Pixabay

Според една анкета од април, на речиси две третини од дипломците им биле стопирани или откажани процедурите за вработување поради пандемијата. Затоа, бројот на дипломци што се сигурни дека ќе се вработат по дипломирањето паднал на околу една третина.

Програмата за виртуелна пракса, која е имплементирана од организацијата „Брајт нетворк“, треба да го реши или намали овој проблем. Праксата е создадена за студенти и дипломци што сега влегуваат на пазарот на трудот, но е отворена за сите во Велика Британија на возраст над 18 години. Аплицирањето трае до крајот на јуни.

Извор: newschain.uk
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование