X
 23.04.2015 Образование

Летово сакам...

#ЛЕТОВОСАКАМ

Најголемите општествено-глобални проблеми се токму оние кои директно влијаат на идните генерации и нивниот развој. Кога зборуваме за општествено-глобалните проблеми можеме да посочиме на едукацијата, здравјето, културата, животната средина и општественото претприемништво. Затоа, ова лето АИЕСЕК Македонија ви нуди можност да бидете дел од проектите и активностите кои се наменети за подобрување и решавање на проблемите со кои се соочува светот.

 

Преку кампањата #ЛетовоСакам, АИЕСЕК Македонија ви ги претставува волонтерските пракси кои се дел од мерките за подобрување на овие проблеми, но и имаат за цел да се покрене иницијатива за развивање на свеста кај луѓето, особено младите.

Волонтерските пракси се достапни за сите студенти. Во времетраење од 6-12 недели, и во 128 земји, овие пракси ви нудат можност за запознавање на нови култури, стекнување нови знаења и нови вештини кои ќе придонесат не само за вашиот професионален развој, туку и за општеството. Сместувањето и храната се најчесто обезбедени, а она што треба вие да го направите е да бидете одлучни и силно да посакувате да направите нешто повеќе за себеси и проблемите со кои се соочуваме.

За повеќе информации посетете ја нашата Фејсбук фан страна и нашиот профил на Твитер:
https://www.facebook.com/LetovoSakam
https://twitter.com/letovosakam

Спремни сте ова лето да направите промена? Излезете од балонот и одлетајте на пракса! Аплицирајте на: https:/internships.aiesec.org/
 

 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование