X
 10.07.2018 Образование

Белград доби необичен факултет - би се запишале ли да студирате тука?

Последните неколку дена на интернет кружи фотографија од новиот билборд што го прикажува најпознатиот приватен универзитет во Белград, т.е. неговата најнова насока. Насоката нуди подготовка во професијата која по популарност моментално се наоѓа веднаш зад програмирањето - диџејството.

- Биди првиот дипломиран диџеј во светот - порачуваат од Факултетот за култура и медиуми, а интернетот духовито се согласи дека ова воедно е и првата нормална насока на факултетите во Србија.

Гостувајќи во емисија, професорот Мича Јовановиќ ги откри деталите од наставната програма од насоката за диџејство.

1
Фото: Facebook


За почеток, кои ќе бидат предавачите? Тој вели дека се слушнал со Џанлука Вачи, кој бил заинтересиран да дојде на отворањето на 1 октомври и да биде дел од револуцијата на Мича. Веројатно мисли на италијанскиот милионер кој станал интернет-ѕвезда играјќи со млади убавици и покажувајќи ги тетоважите на јахтите, а наводно често настапува и како диџеј.

Покрај него, Јовановиќ открива дека во тек се преговори со Боби Синклер, а се надева дека на претстојниот фестивал „Егзит“ ќе успее да се сретне со славниот Дејвид Гета.

Кога станува збор за предметите, ќе има 8, односно 10. Идните дипломирани диџеи ќе имаат предмети како Заштита од наркотици, Методологија на работата на диџеите, Продукција и дизајн на звукот, Миксање музика, Креативно музичко компјутерство, па повторно Миксање музика. На крајот, на дипломата ќе пишува дипломиран менаџер во култура и медиумите - диџеј.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование