X
 10.08.2021 Образование

„Кој прашува, не промашува“ - нов серијал од „Светот на Биби“ за љубопитни деца

Доколку нешто не ни е јасно, го прашуваме тато Тино! Првата епизода од најновиот серијал „Кој прашува, не промашува“ со тато Тино ќе може да ја гледате на edukacija.svetotnabibi.mk од оваа среда. Во најновиот анимиран серијал од „Светот на Биби“ таткото на Биби – тато Тино, ќе се обиде да одговори на сите љубопитни и креативни прашања на главните ликови. Биби и Боби во најновиот серијал ќе му поставуваат прашања на тато Тино, а тој ќе биде секогаш подготвен да одговори.

- Љубопитноста на децата е важна особина која ги поттикнува да учат, да истражуваат и да се развиваат. Најновиот серијал од „Светот на Биби“ има за цел да ја поттикне и разгори љубопитноста и да даде одговори на детските прашања. Креативните прашања на главните ликови и мудрите одговори на тато Тино ќе бидат корисни за децата и родителите кои ќе се дружат со овој серијал. Во него, ќе учиме за водата, воздухот, ветерот, сонцето и многу други теми кои ги интересираат најмладите. Секоја епизода е кратка, интересна и едукативна. - велат од „Светот на Биби“.

Овој серијал е прв во кој се појавува тато Тино, чиј глас го позајмува актерот Никола Ристановски. Актерот за важноста на едукативните анимирани содржини истакнува дека, според него, основи на државата се образованието и здравството, а образованието на децата почнува со цртаниот филм. Па логично и овој серијал има за цел да образува и едуцира со помош на омилените детски ликови Биби и Боби.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование