X
 10.09.2018 Живот

Ако сакате да скијате, ова е идеална работа за вас

Сакате да поминете два месеца на патека за скијање? Да посетите некои од најпознатите планини во САД, Канада, Италија, Швајцарија, Австрија, Франција и Јапонија? Тогаш почнете да го пишувате вашето резиме.

Северноамериканската веб-страница „Ski.com“ бара личност која ќе биде официјален скијач или скијач на компанијата. Потенцијалниот кандидат ќе помине два месеца патувајќи низ светот, во посета на три континенти. Ќе скија на повеќе од десет дестинации, а ќе има можност да биде сместен во некои од најлуксузните хотели.

скијање
Фото: Shutterstock


Ќе биде опремен со камера „гоу про“, професионална облека, но и со чек од 10.000 долари. Инаку, целта е да ја промовира компанијата „Епик Пас“, која ви дозволува скијање во 65 ски-одморалишта низ наведените земји.

Ако ова ви звучи како работа од соништата, тогаш дефинитивно треба да се пријавите. Oна што треба да го направите е да создадете 1-минутно видео во кое објаснувате зошто вие сте совршен кандидат. Следно, постирајте го видеото на социјалните медиуми со хаштагот #EpicDreamJob најдоцна до 15 октомври 2018 година.

Условите што треба да ги исполнувате се: да сакате да скијате, да се дружите со мештаните и да ги документирате вашите искуства.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот