X
 10.09.2019 Технологија

„Смарт“ е првиот бренд што целосно преминува на електричен погон

Производителот на автомобили „Дајмлер“ најави дека градското возило „смарт“ со новиот модел целосно преминува на електричен погон. Ова е првиот тип автомобил што ќе се движи само со погон на батерии.

На Саемот за автомобили - Франкфурт, кој се одржува од 11 до 21 септември, градскиот мини-автомобил ќе се појави со поинаков дизајн и со намалена моќност на моторот.

„Смарт фор-2“ сега го има во облик на купе и кабриолет, а „Фор-4“ е тој што ќе се движи со целосно електричен мотор, од 60 коњски сили и досег од 159 километри.

Старите мотори на внатрешно согорување ќе завршат во музеј, нагласуваат од компанијата.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија