X
 10.10.2020 Култура

Редок примерок на најпознатото дело на Исак Њутн продаден за 22.000 фунти

Примерок од првото издание на „Математички принципи на природната филозофија“ на Исак Њутн на англиски јазик штотуку беше продаден на аукција за 22.000 фунти. Реткиот примерок бил пронајден на полица за книги во куќа во Јужен Велс при чистење.

Крис Албури, кој ја пронашол книгата, изјавил дека речиси ќе паднел од столот кога сфатил дека во рацете го држи најголемото научно дело на англиски јазик. Тој открива дека копијата не била најдобро зачувана, но била целосна. Книгата му била продадена на купувач во Њујорк.


Фото: Wikipedia

„Математички принципи на природната филозофија“ се смета за едно од најзначајните дела во историјата на науката. Во книгата физичарот објаснува како се движат предметите и ги поставува основите за неговата теорија за гравитацијата.

Албури вели дека е многу тешко да се процени колку примероци од првото издание на книгата од 1729 постојат, но книгата што ја пронашол секако е ретка. Првото издание веројатно било испечатено во стотици примероци.

Извор: Би-би-си
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура