X
 10.10.2025 Живот

Како се проширувале европските градови од 1975 година до денес

Од 1975 година досега европските градови доживеаја огромни промени во големината и формата. Урбаните подрачја се проширија, создавајќи континуирани коридори на развој кои ја прават Европа еден од најурбанизираните и најразвиени региони во светот.

Според податоците на „Ворлд попјулејшн ривју“ и „Коперникус“, оваа визуализација покажува како се ширеле и се згуснувале големите европски метрополи во последните пет децении, при што населението и границите на градовите значително се зголемиле.

Најголемите урбани подрачја во Европа

Во 2025 година Москва останува најнаселениот град во Европа со над 12,7 милиони жители, а веднаш зад него се Париз со 11,3 милиони и Лондон со речиси 10 милиони жители.

град

Овие три метрополи, со долга историја на урбан развој, и понатаму растат преку комбинација на проширување и зголемување на густината.

Градовите во јужниот дел на континентот доживеале најизразен раст.

Мадрид и Барселона заедно имаат над 12,5 милиони жители, а италијанските метрополи Рим, Милано и Неапол, исто така, се издвојуваат по континуиран пораст поврзан со индустријата и миграцијата.

Најбрзорастечки „второстепени“ градови

2

Неколку европски градови надвор од традиционалниот врв бележат драматично зголемување на населението од 1975 година.

Мадрид речиси го удвоил бројот на жители, од 3,9 на 6,8 милиони. Киев пораснал од 1,9 на 2,8 милиони. Бирмингем забележал најголем процентуален раст од само 583.000 на над 2,7 милиони жители.

Од Лисабон до Санкт Петербург речиси сите прикажани градови доживеале значителен демографски и урбан раст во изминатите 50 години.

Извор: Visual Capitalist 
Фото: Visual Capitalist
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот