X
 18.02.2022 Живот

Колку се промени руската војска во последните 15 години?

Овој век руската војска стана една од најмоќните во светот. Што требаше да се промени за да се постигне таков резултат?

На крајот на првата деценија од овој век конечно беше дефинирана насоката на реформите на руската армија, која претходно претставуваше смалена верзија на вооружените сили на Советскиот Сојуз. Причина за тоа беа несоодветните односи меѓу војниците во форма на експлоатација и злоупотреба на пониските чинови и на задолжителната воена служба и преминувањето на економијата во воен погон. Практично, армијата се подготвуваше да ги повтори борбените операции од Втората светска војна, кои повеќе не одговараа на условите на модерното време и современите методи на војување.

Каква реформа беше потребна?

Сериозни промени го зафатија системот за пополнување на редовите на руските вооружени сили. Политичкото раководство на земјата ја задржа задолжителната воена служба, но мандатот беше скратен на една година. Значително е намален и бројот на млади момчиња повикани во војска. Така, според Указот на претседателот на Руската Федерација, есента 2021 година на воена служба биле повикани 127.500 војници, што значи дека годишно има околу 250.000 повикани војници. Ако тргнеме од вкупниот број војници во руската армија, кој изнесува 900.000, учеството на војниците во задолжителниот воен рок е околу 28 отсто.

русија
Wikipedia

Со тоа се овозможи формирање на воени единици со постојана борбена готовност, кои се способни да решаваат борбени задачи во секое време. Истовремено беше задржан значителниот мобилизациски потенцијал на руската армија. Главната разлика помеѓу единиците на постојана борбена готовност и другите единици на руската армија е тоа што во нив служат само професионални војници. Ова ја елиминира потребата да се обучуваат нови регрути двапати годишно.

Се разбира, дури и во советско време, практично постојано беа во состојба на борбена готовност Стратешките ракетни сили, во кои релативно мал дел од војниците беа на воена служба. Мал број регрути имаше и меѓу единиците за воздушна и ракетна одбрана на борбена задача. Но, тоа никогаш досега не било случај во копнените сили, кои во времето на СССР требало да бидат исполнети со војници што служеле во војската. Покрај тоа, имало единици кои не биле целосно екипирани и не можеле да извршуваат борбени задачи во време на мир.

русија
Wikipedia

Каква нова воена опрема ѝ беше потребна на армијата?


Не помалку важна беше техничката модернизација на руската армија. Вооружените конфликти покажаа дека руската војска сè повеќе заостанува не само зад најнапредните армии (пред сè, САД) во својата опрема, туку дури и зад нејзините партнери во постсоветскиот простор, како Грузија. Ова се однесуваше и на борбените и на помошните системи (на пример, телекомуникациите, системите за извидување и наведување). Армијата сè уште поседуваше голем дел од советското оружје, со рок на траење од над 20 години.

Мерките што ги усвои руското раководство овозможија 2014-2015 година да се создаде нова армија, која можеше да се бори во реално време. За таа цел, создадени се моќни сателитски канали со висок капацитет. Системите за извидување на копно, море, воздух и вселена веднаш почнаа да пренесуваат информации преку борбените командни канали.

Модерни артилериски системи, оклопни возила и воена авијација конечно пристигнаа во армијата. Копнените сили почнаа да добиваат борбени тенкови Т-80 со системи за активна заштита, пешадиски борбени возила БМП-3 и оклопни транспортери БТР-80, оклопни возила ГАЗ-2330 „Тигар“, оперативно-тактички ракетен систем „Искандер“, а подоцна артилериски систем базиран на тенк Т-90 2С35 „Коалиција-СВ“ со калибар од 152 милиметри. Истовремено, во тек беше процесот на модернизација на советското вооружување.

Одлуките донесени во областа на работната сила во воената и техничката модернизација ја потврдија нивната ефикасност во Сирија. Почнувајќи од есента 2015 година, Русија ги тестираше и најновите модели на оружје и соработката на баталјонските тактички групи на бојното поле во реални услови. Не помалку значајно беше искуството со користење различни роботски системи во Сирија, вклучително и офанзивни роботски системи.

На овој начин Русија успеа да создаде модерна армија во последните 15 години.

Извор: Russia Beyond
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот