X
 10.12.2015 Образование

Совети за подобро и поефикасно учење

Доколку најлесно и најбрзо учите кога имате визуелна претстава на материјалот, како слики, инфографици, видеа, тогаш вашиот тип на учење е визуелен. Експертите наведуваат неколку совети за овој тип ученици и студенти за подобро и поефикасно учење.

Гледајте видео

Документарните филмови, туторијалите, па дури и видеата од предавања може да ви помогнат во учењето и со нив може да научите повеќе отколку со повеќечасовно читање. Следете едукативни канали на „You Tube“ или користете платформи за учење преку видеа.

Демонстрациии

Доколку нешто не ви е јасно, побарајте да ви се демонстрира. Личностите кои најдобро учат визуелно мора да го видат проблемот практично и во примена за да го разберат.

Графикони и табели

Додека подготвувате испит обидете се да ги организирате информациите кои треба да ги научите во табели и графикони. Битно е информациите да си ги претставите визуелно.

Направете преглед на материјалот

Можеби ова ќе ви одземе време, но тоа ќе се исплати. По читањето на материјалот, извлечете го најважното на хартија за да имате подобра прегледност.

Мапи во умот

Потребно е вежбање за да се совлада оваа вештина. Претставете ја лекцијата или материјалот за учење на визуелен начин во вашиот ум.

Користете симболи

Доколку подготвувате испит од книга или скрипта која не содржи табели, графици, фотографии и слично, обидете се да си го олесните учењето така што текстот ќе го бележите со симболи.

Користете картички

Доколку имате време, направете картички за потсетување кои може да ги носите со себе за да се потсетите пред испитот.

Направете презентација

Презентацијата може да биде забавна покрај корисна. Направете презентација во која ќе го претставите наученото за престојниот испит.

Што може да ви го одвлече вниманието?

Како визуелен тип, најмногу ви пречат движења и активни случки околу вас. Одбегнувајте да учите со телевизор или со друга личност во просторијата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование