X
 11.04.2017 Наука

Помалку познати луѓе кои дале придонес во медицината

Пред да го вклучите каналот “National Geographic” за следната епизода од “Origins” во која ќе гледате како медицината го обликувала текот на историјата на човештвото, запознајте се со често заборавени научници, чии пронајдоци играле важна улога во спасување на многу животи и цели цивилизации.

Метродора, првата жена која напишала медицински текст


Метродора е грчка лекарка која живеела меѓу третиот и петиот век и позната по тоа што го напишала првиот медицински текст „За болестите и лековите на жените“. Текстот вклучувал повеќе теми за здравјето на жената, вклучително и гинекологија и листа на многу лековити растенија.

Џејмс Бландел, првиот човек кој извел успешна трансфузија на крв

Во 1818, британскиот акушер Бландел ја извел првата успешна трансфузија на крв. Една пациентка страдала од постпартална хеморагија, па тој успеал со шприц да извлече неколку унци крв од нејзиниот сопруг и да ја префрли кај пациентката. Тој и понатаму извршувал трансфузии од кои половина ефективно меѓу 1825 и 1830 година, а неговите наоди ги објавил и развил медицинска опрема за процедурата.

Хирургот од Минесота кој ја измислил цевката за вшмукување што спасува животи

Во 1931 Овен Вангенстен, шефот на хирургија на универзитетот во Минесота ја измислил цевката за вшмукување која ќе спаси милиони животи. Тогаш  траумите во пределот на стомакот често резултирале со интестинални блокади и потоа со смрт. Овој хирург ова го спречувал токму со таа цевка со чија помош ги извлекувал гасовите и течностите преку хранопроводот.

Ибн Сина, персиски пионер во клиничките испитувања

Сина е персиски научник од 11 век, во Европа познат како Авицена познат по делото во 5 тома познато како „Канон на медицината“ (Kitab al-Qanun fi al-tibb). Денес се смета за најраната позната расправа во врска со клинички испитувања.

Лекарите кои откриле дека може да се рециклираат отфрлените органи

На многу луѓе со дибет тип 1 им треба нов панкреас и поради низа причини тој не им е трансплантиран. Една од нив е дека 25 % од донираните панкреаси се дефектни или телото ги изфрла. Научници од медицинскиот центар на Јужниот универзитет во 2015 објавија дека овие панкреаси може да бидат рециклирани со процес по име децелурализација.

Лекарот кој открил дека менталните болести имаат наследна компонента

Некогаш се верувало дека менталните болести како шизофренија се предизвикани од животниот стил и лошиот родителски надзор. Но во 1960тите било откриено дека кај овие болести игра улога генетиката. При испитувањето на двајца идентични близнаци кои имаат исти гени било поверојатно да ја имаат истата дијагноза отколку кај другите браќа и сестри. Но факторите на околината исто така играат улога.

Џозеф Листер, татко на антисептичката хирургија

медицинаПациентите кои се оперирале во минатото најчесто умирале од постоперативни инфекции. Ова започнало да се менува во 19 век со британскиот лекар Џозеф Листер. Кога работел како хирург во Глазгов, Шкотска ги топел завоите на пацинетите со карболна киселина и ги стерилизирал инструментите. Исто така си ги миел рацете и попрскувал карболна киселина во операционите сали. Денес е познат како татко на антисептичката медицина.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука