X
 11.04.2019 Образование

24 години работела како професорка со лажна диплома

Хрватското министерство за образование го потврди 11-тиот случај на фалсификат во рамките на проверката на веродостојноста на исправите која ја врши.

Станува збор за лажна диплома од Економскиот факултет во Загреб, а професорката дури 24 години предавала повеќе предмети поврзани со економија во едно средно училиште.

Колку за потсетување, хрватската министерка за образование Блаженка Дивјак неодамна нареди проверка на сите дипломи во областа на науката и образованието откако во самото министерство беше откриена вработена со лажна диплома.

Кон крајот на минатиот месец министерката објави дека во текот на 50-дневна проверка биле откриени вкупно 10 лажни исправи.

- Уште еднаш сакам да испратам јасна порака дека имаме намера да продолжиме со оваа антикорупциска мерка додека системот не се прочисти од измамниците што го рушат дигнитетот на струката и ја рушат довербата во сите оние внимателни и чесни луѓе што совесно и одговорно си ја работат работата - истакна тогаш Дивјак.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование