X
 11.04.2019 Технологија

„Фејсбук“ открива како работат алгоритмите

„Фејсбук“ наскоро ќе воведе нова опција што на корисниците ќе им објаснува како алгоритмите одлучуваат што ќе објават на нивната почетна страница. За таа потреба ќе биде воведено ново копче на кое ќе пишува: „Зошто ја гледам оваа објава?“ (Why Am I Seeing This?).

Ова е првпат компанијата да им дозволи на корисниците директен увид во апликацијата или страницата.

„Фејсбук“, „Твитер“ и „Јутјуб“ често се наоѓаа на мета на критики токму поради начинот на користење на алгоритмите и содржините што им ги препорачуваат на корисниците. Од „Фејсбук“ објаснуваат дека новата опција ќе биде активна од 2 мај.

фб

Новото копче ќе се наоѓа во менито во десниот горен агол на секоја објава на почетната страница, а едно од понудените објаснувања ќе гласи: „Објавата со фотографиите сте ја коментирале повеќе отколку објавите со друга мултимедијална содржина“.

„Фејсбук“ наведе и дека ќе додаде нова опција со копчето на која ќе пишува: „Зошто го гледам овој оглас?“ (Why Am I Seeing This Ad?)

Сега луѓето ќе дознаат дали деталите од нивниот фејсбук-профил ќе се поклопуваат со оние од базата на податоци на огласувачите. Веќе е откриено и дали огласувачите користат податоци за вашата активност на интернет, како локации, за да бидете полесна цел.

- Овие новости се дел од процесот во кој сакаме на луѓето да им дадеме поголема контрола над она што се случува на „Фејсбук“ - соопшти компанијата.

„Фејсбук“ беше сериозно критикуван поради низа случувања во кои наводно беа прекршени правата за приватност на корисникот. Исто така, имаше и обвинувања дека платформата се користи за мешање во изборните процеси во некои држави. Извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, минатата недела побара од владите на државите да имаат посериозен пристап кон регулирањето на овие области.

Надгледувањето на штетната содржина, според него, е преголема одговорност за да ја сносат само компаниите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија