X
 11.06.2021 Образование

УКЛО и „Витаминка“ АД Прилеп со поинтензивна соработка

Проректорот на УКЛО, проф. д-р Марјан Ѓуровски, оствари средба со генералниот извршен директор на АД „Витаминка“ - Прилеп, м-р Сашо Наумовски. Состанокот беше во функција на воспоставување поинтензивна соработка на високото образование, односно УКЛО со бизнис-заедницата.

Се разговараше за воспоставување механизми за поинтензивна соработка на Универзитетот и единиците со оваа најзначајна прехранбена индустрија во земјата.

Во претстојниот период ќе бидат разгледани можностите за изнаоѓање нови форми за поблиска соработка, а во иднина студентите од УКЛО својата пракса, согласно студиската програма, може да ја поминат во „Витаминка“ АД Прилеп.

соработка

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование