X
 11.07.2020 Здравје

Анимација од сите смртни случаи од Ковид-19 во светот од јануари досега

Од Ковид-19 починале над 500.000 луѓе во светот од јануари досега. Коронавирусот се шири, но многумина сè уште не можат да замислат колкави се последиците од пандемијата.

Џејмс Беквит направил анимација на која се покажани сите смртни случаи како последица од Ковид-19 од почетокот на годинава до крајот на јуни. Гледањето на анимацијата кажува многу повеќе од сите факти и броеви што ги читаме секојдневно.

- Видеото е посветено на секој човек што трагично го загубил животот поради Ковид-19 - пишува Беквит.


Извор: openculture.com
Фото: YouTube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје