X
 11.07.2023 Култура

Најдобрите трилер мини-серии на сите времиња

Наместо да трае неколку сезони, мини-серијата е самостојно шоу кое работи на принципот еднаш направено и толку. Совршено за обожавателите кои сакаат нешто повеќе од филм и нешто помалку од серија, мини-сериите создаваат материјал кој е вреден за гледање.

Во продолжение ви ги нудиме најдобрите мини-серии од жанрот трилер, што значи дека ќе бидете принудени да ги откажете сите ваши планови и да се залепите за телевизорот.

10. „Остри предмети“ (Sharp objects)



Базиран на истоимениот роман на Џилијан Флин, „Остри предмети“ ја следи Ејми Адамс како новинарката Камил Прејкер, која се враќа во нејзиниот роден град во Мисури за да истражува убиство. Како што Камила е принудена повторно да се поврзе со нејзината мајка, таа е преплавена со мислите за жртвите, замаглувајќи ги границите помеѓу професионалниот и личниот живот.

9. „Неверојатно“ (Unbelievable)



Серијата се граничи помеѓу вистинска криминална драма и трилер со оглед на тоа што е базирана на вистинската животна приказна на Мари Адлер, бидејќи таа пријавила дека била сексуално нападната од маскиран натрапник, но била нападната од детективите дека лаже, па подоцна ја повлекува нејзината изјава. Многу години подоцна, откако се случиле серија слични настани, двајца детективи повторно го отвораат случајот за да ја откријат вистината.

8. „Анатомија на скандал“ (Anatomy of a Scandal)



„Анатомија на скандал“ е психолошки трилер базиран на романот на Сара Вон. Мини-серијата сервира убава приказна за одмаздата против моќните и ултрабогатите, кои се сметаат дека се над законот.

7. „Малата тапанарка“ (Little Drummer Girl)




Флоренс Пју ја води оваа серија од шест дела, во која ја глуми младата Чарли, која е регрутирана од Мосад за да се инфилтрира во терористичка организација поврзана со напади врз Израелци. Серијата ги има сите карактеристики на класична шпионска приказна.

6. „Деновите“ (The Days)



Серијата не треба да се споредува со Чернобил поради слични теми за нуклеарни катастрофи. Додека „Чернобил“ е серија која се фокусира на развојот на ликот и прогресијата на заплетот, „Деновите“ е трилер кој се одвива на различно место, во различен временски период. Ако сте љубител на жанрот за апокалиптичен суден ден, тогаш оваа мини-серија дефинитивно е за вас.

5. „Бегство во Данемора“ (Escape at Dannemora)



Серијата ја следи Џојс Мичел, омажена жена вработена во затвор, која има сексуални односи со двајца осудени убијци пред да им помогне да избегаат. Базирана на бегството од поправниот дом „Клинтон“ од 2015 година, оваа трилер-серија навистина ќе ви се допадне.

4. „Црна птица“ (Black bird)



Во оваа мини-серија Тарон Егертон го глуми Џими Кин, осуденик кој склучува договор со ФБИ за да се спријатели со осомничен сериски убиец и да извлече признание од него, во замена за неговата слобода.

Она што следува е затегнат интелектуален шаховски натпревар помеѓу нив. Двата лика глумат брилијантно, што резултира со напнато „танго“ кое ќе ве држи во неизвесност докрај.

3. „Полноќна миса“ (Midnight Mass)



Мајк Фланаган, авторот на хоророт „Проклетата куќа на брдото“, направи уште една страшна приказна за мало заспано гратче. Млад свештеник доаѓа на изолираниот остров Крокет и прави вистински пекол со неговата чудна и опасна практика на религијата.

2. „Телохранител“ (Bodyguard)



Веројатно една од најдобрите серии на „Нетфликс“ за 2018 година. Ричард Маден брилијантно ги шармира обожавателите откако ја презеде улогата на воениот ветеран Дејвид Бад. Ако сакате серија со брзо темпо што не бара премногу размислување, оваа треба да е на врвот на вашата листа.

1. „Чернобил“ (Chernobyl)



Многумина сметаат дека ова е една од најдобрите серии на Ејч-би-о заедно со „Игра на тронови“ и „Вистински детектив“. И тоа така е бидејќи мајсторски ги пресоздава застрашувачките настани што доведоа до нуклеарната катастрофа во Советскиот Сојуз.

Она што ја прави серијата навистина одлична лежи во нејзината документација за влијанието на катастрофата врз луѓето што биле блиску до неа.

Извор: Movieweb.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура