X
 11.07.2023 Образование

Злато, сребро и две бронзи за македонските математичари на Интернационалната математичка олимпијада

На 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, кој годинава се одржува од 2 до 13 јули во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација освои еден златен, еден сребрен и два бронзени медали, како и две пофалници, соопштија од Сојузот на математичари на Македонија.

Оттаму додаваат дека златен медал освоил Дамјан Давков, додека сребро освоил Алексиј Тасиќ. Никола Цветановски и Никола Спировски освоиле бронзени медали, а Јан Стојановски и Бранко Јангеловски пофалници.

-Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина - заклучуваат од СММ.



За потсетување, на 27. Јуниорска балканска математичка олимпијада, која се одржа минатиот месец, Македонија беше единствената земја што освои златен медал со максимален број на поени. Златниот медал го освои Дамјан Давков. Покрај златниот медал, на ЈБМО сребрен медал освои Ивано Божиновски, а бронзен медал освои Андрија Младеновиќ. На ЈБМО 2023 државата успешно ја претставија и Никола Стојковски, Јаков Геговски и Андреј Тасиќ.

Претходно, на јубилејната 40. Балканска математичка олимпијада, која се одржа во мај во Турција, македонските математичари освоија шест медали, меѓу кои еден златен, еден сребрен и четири бронзени медали. Златниот медал го освои Никола Спировски, сребрениот Дамјан Давков, а бронзените - Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски и Алек Танаскоски.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование