X
 11.08.2023 Култура

Доделувањето на „Еми“ наградите презакажано за 15 јануари

Доделувањето на наградите „Еми“ е одложено за 15 јануари, соопштија Телевизиската академија на САД и ТВ-мрежата „Фокс“, додека холивудските сценаристи и глумци сѐ уште штрајкуваат поради несогласувањата со студијата.

Првично, 75. доделување на наградите беше планирано за 18 септември, а номинациите беа објавени во јули, непосредно пред Здружението на глумците да се приклучи на штрајкот.

Холивудските актери минатиот месец им се придружија на сценаристите кои се без работа од мај, бидејќи преговорите со студијата не успеаја.

Извор: МИА
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура