X
 11.09.2017 Култура

Чарлс Буковски: „Одете до крај!“

Ако сакате нешто да направите – одете до крај. Во спротивно, не ни почнувајте.

Тоа би можело да значи дека ќе ја загубите девојката, жената, роднините, професиите, и веројатно – главата!

Би можело да значи дека нема да јадете два, три, четири дена...

Би можело да значи дека ќе смрзнувате на клупа во паркот. Може да ви донесе и затвор, подбив и исмејување, или изолација...

Изолацијата е подарок, сè друго е тест на вашата издржливост... на вашите желби тоа вистински да го направите.

А вие ќе успеете.

Наспроти одбивањето и нереалните шанси, ќе биде подобро од сè што можете да замислите.

Ако се обидувате – одете до крај!

Нема слично чувство, ќе бидете сами со боговите, а ноќите ќе бидат распламтени. Ќе јавате на животот сè до совршената насмевка. И тоа е единствената борба за која вреди да се трудите!
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура