X
 11.09.2018 Технологија

Новата функција на „Инстаграм“ ќе ги израдува корисниците

Ако сте еден од оние корисници на „Инстаграм“ што на секој коментар ставаат барем еден емотикон, тогаш ќе ве израдува најновиот додаток на оваа популарна социјална мрежа.

По неколку месеци упорно тестирање, конечно пристигнува менито за „брзи емотикони“ и тоа на „Ајос“ и „Андроид“. Направен е за на корисниците да им го олесни пристапот до најчесто користените емотикони и го олеснува нивното користење за секој коментар.

Со тоа што самото доаѓање на оваа функција го олеснува користењето на „Инстаграм“, вреди да се нагласи дека „Инстаграм“ уште пред три години бил свесен за моќта на емотиконите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија